Додека државите го мерат бројот на вакцинирани лица, во Република Македонија сѐ уште е тема дневната статистика на заболени од ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државите бројат колку од населението е вакцинирано, светските лидери објавуваат стратегии за употреба на вакцините и најавуваат излез од пандемијата, а граѓаните започнуваат да го враќаат својот живот во нормала. Но, ова се случува секаде во светот освен кај нас.
Ние сме заглавени во секојдневните лаги од властите, кај нас здравјето на граѓаните не е приоритет. Најавените донации од нашите соседни држави ги нема, а нема ни систем истите да се регистрираат.
Филипче продолжува да се фокусира само на својата ПР стратегија, кој ја гради на невистини. Вели дека Националниот план детално е разработен според препораките на експертите и карактеристиките на нашиот систем, при што се предвидени три фази за вакцинација. Замислете, ни промовираат некаков план за вакцинација, а вакцини нема.
Во таа Европа во која вие тешко може да стигнете поради низа работи, има обврски кои никако не можете да ги исполните.
Ковид-19 покажа дека онаму каде што не постои политичка волја, не постои начин за справување со кризата. Но, нема да престанеме да ве повикуваме на одговорност!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This