Додека се рaсправаме тука кој колку проценти е, ни се исели населението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска на ТВ Клан во интервју Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека додека се расправаме кој колку проценти е од населението пола Македонија ни се исели, тука спаѓаат и Македонци и Албанци и Турци и Власи и останати, што е главниот проблем во Македонија, не кој колку проценти е.

-Решивме сите дека ова е статистичка операција, ниеден политичар не рече дека ќе ревидира политичка права, ако се сложиме сите дека е статистичка операција треба тука да градиме доверба и ова е вистинскиот начин за да ги добиеме вистинските параметри, од друга страна ако зборуваме за бројките нема потреба никој да се грижи за процентите, затоа што секој оној кој внесува страв, како одреден албански медиум кој го прочитав, а е поврзан со слуги на Заев лиферува дека ВМРО-ДПМНЕ вели дека Албанците биле под 20% јас би кажал дека во 28-30% од населението од родените деца мајката е Албанка, а од 50-60 % мајката е Македонка тоа е природното движење на населението, па по тоа не е возможно да има поразлични бројки, истакна Мицкоски. Мицкоски посочи дека главниот проблем е што се празни Македонија, а тоа значи дека се иселуваат и Македонци и Албанци и Турци и Власи и Бошњаците, па денеска Македонија не е два милиони жители, туку многу помалку помеѓу милион и четиристотини и милион и шесто ќе бидат резултатите како резидентно население, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This