Александар Марковски од Здружението „Сите заедно можеме“, кое ги дистрибуира хумнитарните пакети, потврди дека синоќа во магацин на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица, каде што се пакуваат пакетите од семејството Заеви, влегле полициски службеници и јавен oбвинитeл, пишува Република.
Според него, полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло на стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот, односно кај семејството Заеви.
Полицијата е и денеска пред магацинот.
Синоќешниот настан го потврдија и од ОЈО Струмица. Струмичкиот јавен овинител, Миле Петков, рече дека обвинителството постапило по барање на полицијата.