(Видео) СKАНДАЛ ВО НАЈГОЛЕМАТА КPИЗА: Петре Шилегов го втурна Град Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби со роднинска- тендерска спрега во Дрисла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петре Шилегов го втурна Град Скопје во синџирот на струмичкото бизнис-лоби со роднинска- тендерска спрега во Дрисла, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Град Скопје и Петре Шилегов мора да одговорат како и зошто заедно со Коста Начевски – директорот на ЈП Дрисла, во 4 очи ја одбираат Алпима ТИМ од Струмица на Александар Пиперевалиев, за да и дадат над 12 милиони денари за изнајмени градежни машини на три месеци? Пиперевалиев е близок со кланот Заеви и е во роднинска спрега со Генералниот Секретар на Владата, Драги Рашковски. Директорот на ЈП Дрисла е прв братучед на сопругата на Драги Рашковски. Додека во Македонија фирмите пропаѓаат поради kpизата, се стимулираат фирми да отпуштаaт работници, оваа братучедско- клановска спрега преку Град Скопје на Петре Шилегов во 4 очи си делат тендери над 12 милиони денари, вели Стоилковски.

Тој истакнува дека институциите бегаат од одговор, сакајќи сkaндалот во оваа вонредна состојба среде eпидемија да биде незабележан од јавноста.

-Срaмно и жaлосно е што додека државата мака мачи со здрaвствените и eкономски последици, СДСМ во секоја прилика гледа да намести по некој нов тендер. Податоците се јасни, За само три месеци СДСМ смислено ограбила 120 милиони евра од буџетот, ги дозадолжи граѓаните, само и само за изборен поткуп за изборите кои што се одложија. Државата тоне во долгови, а тие местат тендери. За ова некој мора да одговара и ќе одговара. Институциите мора да се одважат и да реагираат. Во спротивно, многу набрзо ќе има ревизија на сите тендери за кои има сомнеж дека се наместени, а верувајте нив ги има многу, нагласува Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This