Надлежните во општина Центар веќе два дена кријат дека училиштето „Димитар Миладинов“ е поплавено со отпадни води и децата не одат на училиште.
Директорката на училиштето Марија Вармаис Симоновска неколку дена ги алармира надлежните дека имаат голем дефект во системот на парно греење и оти водата е излеана.
Поплавени се и тоалетите и доведена е во опасност и водата за пиење во училиштето и можноста од зараза.
Директорката стравува дека е можно да дојде до мешање на отпадните води и таа за пиење при што е загрозено здравјето на децата.