(Документ)ПOЛOШO ОД ПРЕДВИДЕНОТО: Дpaмa во Брисел – oдзeмeнa и препораката за Македонија од јуни за почеток на преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателството со Советот на ЕУ, со кој раководи Финска, ја повлече и препораката за почеток на пристапни преговори за членство во Европската Унија со Македонија и Албанија, дознава „Инфомакс“

 

Ова е полоша вест и од онаа дека министрите за надворешни работи на земјите членки не постигнаа согласност за почеток на преговори со Македонија и Албанија, со оглед на тоа што отсега дури и препораките за почеток на преговори кои ги доби Македонија во Јуни 2019 година се повлечени и нема да важат како аргумент на состанокот на шефови на држави на земји членки на ЕУ кој треба да се одржи на 16.ти и 17.ти октомври.

Според анексот на заклучоците од денешниот состанок, Претседателството на Советот на ЕУ донесе одлука за повлекување на препораките за почеток на пристапни преговори со ЕУ за Македонија и Албанија донесена на 19 јуни годинава.

Според белгиските медиуми пак, против датум за преговори освен Франција се и Данска и Холандија.

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This