Домашен лиkep од apoнија со pakија – coвpшено здpaв напитоk за kapдиовackуларен систем, дијабетес, стomak и нacтинkи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аронијата е многу значајна за превенција од срцеви заболувања и канцер, важна е за подобрување на циркулацијата, како и за здрави крвни садови. Се користи за здравје на очите, за превенција од дијабетес и стомачни тегоби, и како лек против настинки.

Во продолжение имате два рецепти: класичен рецепт кој се состои само од ароника, шеќер и ракија, и рецепт со додатоци кој освен основни состојки, содржи и лимон, ѓумбир, цимет, каранфилче… но затоа е вистински деликатес!

КЛАСИЧЕН РЕЦЕПТ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 килограм свежи бобинки од аронија
250 г шеќер
Домашна лозова ракија

ПОСТАПКА:

Аронијата добро измијте ја и оставете ја да се процеди. Потоа ставете ја во една поголема тегла.

Редете: ред аронија, ред шеќер, ред аронија, ред шеќер и се’ така додека да се исполни теглата.

Потоа залијте со ракија и убаво затворете ја теглата. Оставете ја 5-6 седмици на светло место, топло но не претопло за да не испука теглата.

Кога ќе изминат пет седмици процедете ја содржината на теглата и добиениот ликер складирајте го во стаклено шише. На овој начин ќе добиете совршено здрав и вкусен ликер од аронија.

РЕЦЕПТ СО ДОДАТОЦИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг аронија
1 кг шеќер
1 лимон
1 парче ѓумбир (по вкус)
4 ванилин шеќер
2 стапчиња цимет
20-тина цели каранфилчиња
2 литри ракија

ПОСТАПКА:

Прво пригответе една голема тегла со поширок отвор, која претходно убаво сте ја измиле. Измијте ја аронијата и пригответе ги останатите состојки. Лимонот исечете го на парчиња. Коренот од ѓумбир излупете го и исто така исечкајте го на помали парчиња.

Во теглата ставете ги сите состојки и прелијте со ракија. Полека промешајте ги состојките. Добро затворете ја теглата со капак или целофан и ластиче, за да не испарува алкохолот.

Привремено протресувајте ја теглата која се остава на сонце (не на пресилно сонце, кога е многу жешко се трга под сенка) вкуспно 6 седмици.

Кога ќе изминат шест седмици, односно додека шеќерот целосно да се растопи, ликерот процедете го и складирајте го во стаклени шишиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This