ДОПОЛНИТЕЛНИ ДЕТАЛИ ЗА ЦЕНЗУРАТА ВРЗ МИЛЕНКО: Менаџментот тврдеше дека има притисоци од амбасадата на САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целта на цензорскиот договор со телевизија „Kанал 5“, кој еднострано го раскинав, е преку постепено отстранување на новинарите што ја зборуваат вистина да се дојде до плодна почва за менувањето на името на нашата држава, изјави вчера за „Дневник“ Миленко Неделковски, познат македонски новинар. Тој завчера објави дека еднострано ја прекинува соработката со националната телевизија и оти неговата емисија „Миленко Неделковски шоу“ веќе нема да се емитува на таа ТВ. Причина за тоа бил договорот за емитувањето на неговото „Миленко Неделковски шоу“ на овој медиум, а кој содржи одредби што претставуваат директно и недвосмислено воведување цензура во нашата земја.
milenko-nedelkovski1-640x338
Неделковски тврди дека сето тоа е направено под директно влијание и притисок на американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, а директни извршители биле Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за медиуми, и Иван Мирчевски, директор на „Kанал 5“.

– Со ваков договор и со моето замолчување целта е да се има само една вистина – Сорос-Бејлиевата вистина во Македонија. Целта е да ги нема луѓето што ќе информираат во интерес и за граѓаните. Се сака да се дојде до плодна почва за да се оствари мастер-планот за менување на името на Република Македонија. Очигледни се обидите да се замолчат повеќе телевизиски и други новинари преку различни пржински договори, забелешките од Прибе, ад хок-тела… – наведува Неделковски.

Тој објаснува дека одредбите од договорот, кој во септември годинава го потпишал со „Kанал 5“ за емитување на неговото шоу содржи цела низа скандалозни одредби, кои претставуваат најдиректно воведување цензура и забрана да може да кажува свои мислења и коментари во своите емисии. Договорот тогаш го потпишал за да не му се случи прекин на емитувањето на шоуто сред сезоната. Тој требало да важи до јуни в година.

– Во договорот има низа скандлозни одредби, а како таков го доставив до Државниот архив да служи како документ и официјално сведоштво од кој се гледа како се вовела цензурата. Во него пишува дека јас како автор во мојата емисија не смеам да вршам никакво коментирање или обработување на теми од актуелна македонска политичка ситуација, особено не на теми што се однесуваат на изборните процеси закажани за 11 декември 2016 година, но и на локалните избори, кои треба да се одржат во текот на 2017 година. Не смеам да давам ниту лични мислења и коментари што се однесуваат на „Kанал 5“, на неговиот основач, на вработените, ниту за други радиодифузни друштва што се членки на ММА – Сител, Алфа, Алсат М и Телма, Не смеам да давам коментари ниту за странски амбасади, амбасадори, конзуларни претставници… Значи, не смеам апсолутно да зборувам. Поголема цензура во историјата на медиумите во нашата земја немало – наведува Миленко Неделковски.

Инаку, тој категорично тврди дека менаџментот на „Kанал 5“ подолго време го предупредувал дека имале огромен притисок од американскиот амбасадор Џес Бејли и оти управителот и менаџментот постојано биле повикувани во американската амбасада. Поради тоа, како што му кажале, морале да му го понудат договорот со такви одредби за да ја задоволат амбасадата и тој да не може да си ги кажува своите мислења и да влијае врз јавноста.

dogoor

Претходно, како што наведува Неделковски, под директно влијание на американската амбасада во Скопје било попречено емитувањето на 3-4 негови емисии, а во другите емисии било применувано придушувањето на зборовите што ги кажувал како свои мислење и став, а кои им биле спорни на нарачателите на договорот.

– Не само што не смеам да кажувам мои мислења и ставови во шоуто, туку таа забрана се однесува и на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“… Значи, ми ја забрануваат слободата на говор насекаде. Не смеам да зборувам за амбасадорите Бејли, за Гарет, за Жбогар …За ова ги информирав колегите и институциите надвор од Македонија за да видат што ни се случува и да имаат предвид кога ќе пишуваат за состојбите кај нас. Останува само да посакам среќна Нова 1949 година, на орвеловската фарма – порачува Неделковски.

Шоуто на Василица ќе се емитува на друга национална телевизија

– Јас ќе го продолжам моето телевизиско шоу. Со телевизиските гледачи ќе се гледаме многу брзо, веќе на верскиот празник Василица, кога тоа ќе почне да се емитува на еден ТВ-канал со национална концесија, најави новинарот.

Бранко ЃорЃевски
Дневник

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This