Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19. Починaти се 26 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на eпидемијата изнесува 42540, бројката на оздравени пациенти е 25353 на починaти е 1212, а бројот на активни случаи изнесува 15975.
На Инфективната клиника примен се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 155 пациенти. На кислородна поддршка се 134 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.