April 30, 2024, 10:44 am

Драма во Чаир: Сe степале, избегале од полицијата, па се yдриле во полициско возило

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца скопјани кои со автомобил бегале од полицијата имале сообраќајна несреќа со друго полцииско возило, при што се здобиле со тешки телесни повреди.

На 27.12.2020 околу 01,15 часот на ул. „Бутелска“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале возило „Дачија дастер“ сопственост на МВР, во кое биле двајца полициски службеници и патничкото моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(19) и сопатник И.Х. (18) двајцата од Скопје, кои бегале од полициската екипа по претходно нарушување на јавнот ред и мир – информираат од МВР

Како што информираат од полицијата, бркотницата што и претходела на сообраќјката се случила откако двајцата во „Мерцедесот“ се степале со три други лица на бензинска пумпа.

Претходно, била добиена пријава дека околу 01,00 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Т.(19) и И.Х.(18) двајцата од Скопје кои биле со патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, од една страна и М.Ф.(34), М.О.(21) и А.И.(50) сите од Скопје кои биле со патничко моторно возило „Фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, од друга страна, по што сите учесници го напуштиле местото на настанот. 

Подоцна од полициски службеници било запрено возилото „Фолксваген голф“ и приведени се М.Ф., М.О. и А.И. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This