Драма на летот Загреб-Брисел: Полицијата исфрли 14 патници од авионот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На загрепскиот аеродром се случува необична драма – 14 патници беа исфрлени од преполниот авион што требало да полета за Брисел од засега непознати причини.
За тоа сведочеше и новинарката на „Јутарњи лист“, Зринка Корљан, која била во авионот на „Рајанер“.
Според неа, стјуардите им рекле на патниците дека морале да го напуштат авионот бидејќи, како што се наведува, нелегално биле во него.
„Ситуација каква што досега не сум доживеала. Само им рекоа да си ги соберат работите и да излезат. Потоа тргнале да го контролираат бројот на седиштата и патниците во авионот. Кога тоа заврши, капетанот ни зборуваше. Ни кажа дека сите моравме да го напуштиме авионот поради некоја грешка“, изјави хрватскиот новинар.
Таа додаде дека патниците револтирани се вратиле во зградата на аеродромот.

Таа вели дека на излегување од авионот забележала најмалку четворица полицајци кои изолирале 14 патници, сите мажи.
„Јутарњи лист“ јавува дека патниците се вратиле во авионот околу 17.45 часот.
Од аеродромот „Фрањо Туѓман“ потврдија дека тоа се случило, но рекоа дека не ги знаат деталите бидејќи, како што велат, се работело за полициска акција, односно дека полицијата наредила да се испразни авионот.
Полициската управа на Загреб во врска со овој случај излезе со соопштение.
„Вработените во авиокомпанијата побарале 14 патници да го напуштат просторот на авионот кој требало да лета за Брисел поради неисполнување на важечките правила на давателот на транспортната услуга, а потоа сите патници го напуштиле просторот на авионот исто така на барањето на вработените поради дополнителни проверки и услови. По дополнителната проверка, 156 патници го напуштиле аеродромот со авион, додека 14 патници не ги исполниле условите за патување. Авиокомпанијата повикала полиција на лице место во случај на евентуално незаконско однесување, кое не постоело, па немало потреба да се постапува“, соопшти полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This