Државата ќе ја реновира семејната куќа на Димитар Апасиев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за култура ќе одвои 80.000 денари за конзерваторско-реставраторски работи на семејната куќа на пратеникот Димитар Апасиев во Велес, објави Вечер.мк

Според информациите на порталот, сопственик на куќата во Велес е таткото на пратеникот Димитар Апасиев, а куќата е дел од културното наследство на градот. Истата била изградена од трговското семејство Боцеви. Подоцна куќата ја купиле бавчаванџиите Аликарови, од Башино Село кои му ја препродале на Пано Апасиев со синовите Јованче и Диме и ќерката Васа.

Имено, за изработка на „Основен проект за конзерваторско-реставраторски работи на куќа на улица „Вера Циривири Трена“ бр. 21 (стара адреса ул. „Петар Михов“ бр. 3) во Велес“, Министерството за култура има издвоено 80.000 денари. Како што може да се види од изводот од Катастар, семејната зграда на улица „Вера Циривири Трена“ бр. 21 со три стана и помошни простории е во сопственост на таткото на пратеникот Апасиев.

Во 2016 година Димитар Апасиев беше советник на Катица Јанева во СЈО, за што доби 5.000 евра (300.000 денари). СЈО беше ударна машина за гонење и терор на опозицијата и во него влегоа најголемите јастреби на власта меѓу кои и Димитар Апасиев, а Катица Јанева која ја советувал е осудена за тежок вид на корупција во случајот Рекет.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This