Државниот здравствен инспекторат ќе ја испитува смртта на 17-годишната пациентка на Инфективна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот санитарен и здравствен инспекторат уште од вчера попладне почнал со вонредниот надзор за смртта на 17 годишната пациентка.

Надзорот ќе го опфати целокупното лекување на пациентката кај матичниот лекар и во клиничката болница во Битола, потврдуваат за „Сител“ од ДСЗИ.

Младата пациентка на Инфективна била хоспитализирана во многу тешка состојба, девет дена по појавата на првите симптоми. Со Брза Помош ја транспортирале од битолската болница каде престојувала само еден ден, но поради ниската сатурација и влошената состојба итно била префрлена на скопските клиники. Починатата девојка имала дијабет.

Пациентката од демирхисарско е третата малолетна жртва на Ковид-19 во земјава. Претходно од вирусот починаа и 15-годишна девојка од тетовско и двегодишно дете на Детска хирургија кое имало сериозни вродени болести но и позитивен тест на вирусот.

На Инфективна во моментот имаат хоспитализирано уште еден малолетен пациент со тешка клиничка слика на Ковид-19.

Имаме 16-Годишна Девојка Која Покажува Сериозна Клиничка Слика На Вирусот. Засега Немаме Податоци За Други Болести Согласно Анамнестичките Податоци – Вели Стевановиќ.

Трите починати малолетни лица не биле вакцинирани против Ковид-19. Според податоците од Министерството за здравство од 12-18 години прва доза примиле 10.450 деца а 9451 се ревакцинирани.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This