ДУВЛО НА KPИМИНАЛОТ: Албанија рекордер по бројот на зaтвореници во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според Евростат, во Албанија има 197 затвореници на секои 100.000 жители, рангирајќи се на четвртото место во Европа, по Литванија, Чешка и Естонија.

Албанија се рангира меѓу земјите со најголем број оcyдени лица за kpивични дела во Западен Балкан, во однос на бројот на популацијата.

Според Евростат, во Албанија има 197 зaтвореници на секои 100.000 жители, рангирајќи се на четвртото место во Европа, по Литванија, Чешка и Естонија.

По Албанија е Црна Гора со 179 зaтвореници. Во Србија, бројот на зaтвореници на 100.000 жители е 153, а потоа следува Македонија со 146 зaтвореници, додека Косово со 90 зaтвореници на 100.000 жители.

Во Европската унија, просечниот број на зaтвореници на 100.000 жители е 116, што според Евростат, е најниска стапка од 2000 година. Во унијата, најголем број зaтвореници има во Литванија 231 зaтвореник, а потоа следува Чешка со 209 и Естонија со 206 зaтвореници на 100.000 жители.

Во Франција, Австрија и Германија, бројот на зaтвореници е помал од просекот на ЕУ, или 103, 100 и 79 зaтвореници на 100.000 жители. Во Италија и Грција, бројот на зaтвореници на 100.000 жители е 97 односно 93.

Меѓу државите членки, најмал број зaтвореници е забележан во Исланд, каде според Евростат бројот на зaтвореници е само 38 на секои 100.000 жители. Потоа се рангираат државите од Северна Европа, при што Финска има само 56 зaтвореници, Шведска 57 и Данска 59 на 100.000 жители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This