ДУИ ГО ЗЕМА ВО ВЛАДЕНИЕ ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: Ќерки, снашки и внуци ќе го водат Јавното обвинителство под контрола на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборот на лица со најниски оценки при одредувањето на нови јавни обвинители во ОЈО предизвика силни реакции и шок кај експертската јавност, а јавноста сеуште не знае кој сѐ беше избран на овие важни функции

 

Освен за внуката на претседателот на советот на јавни обвинители, Марија Ѓорѓева, ниту еден од медиумите не се дрзна да праша кои се лицата кои беа избрани за јавни обвинители, на скандалозниот избор.

Имено, Основното Јавно Обвинителство наспроти законот, во шокантно незаконска процедура, наместо оние со највисоки оценки, ги избра лицата со пониски или лоши оценки за јавни обвинители. Меѓу нив е и ќерката на адвокатот Никола Трајчев, Ивана Трајчева.

Според информациите кои кружат во кулоарите, Трајчев има адвокатска канцеларија заедно со Блерим Беџети (министер за правда на ДУИ). Според она што го кажуваат неговите колеги, Трајчев во адвокатската канцеларија има функција на небаре приправник само формално застапувајќи криминалци, претежно до Глумово, додека сериозната работа во позадина ја „средува“ екс-министерот за правда од ДУИ Блерим Беџети.

Под сомнеж дека се работи за непотизам е и изборот на Енѓелуше Кадриу Леши, една од новите обвинители во Организиран криминал, која пак е внука на обвинител од Вишото јавно обвинителство Бардуљ Кука, инаку од Дебар. Исто така кадар на ДУИ.

Последна меѓу сомнително избраните обвинители е Валентина Бислимовска, инаку ќерка на судијата Шуретуш Бислимовски, за кого никој не знае дали конечно се договорил со себе што е по националност, затоа што, според информациите кои кружат во судските кулоари, секои две години различно се декларира. Еднаш како Бугарин, па како Македонец, дури и како Албанец – шкрет поради што е и мета на потсмев кај колегите.

Со исклучок на една обвинителка, Основното јавно обвинителство, или поточно Канцеларијата за Организиран криминал, сега е во потполно „владение“ на кадри поставени од ДУИ.

 

 

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This