ДУИ од Боговиње: Голем потенцијал за развој на планинскиот туризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Општина Боговиње Бесник Емшиу и носителот на листата со советници Илир Елези од ДУИ вечерва на централен митинг ја претставија програмата која се нуди пред гласачите. На митингот присуствуваше и дел од партиското раководство предводени од претседалот на ДУИ, Али Ахмети.

-Вашата агенда ќе биде полна со задачи, ние сме подготвени сите барања да ги исполниме, ова место да го подобриме. Како аспиранти за ЕУ, не може да бидеме членки без патишта, план за градење, без канализација, без снабдување со вода, стандарди за чистота на воздух. Апел да ги вратиме реките какви што беа чисти, сите имаме морална обврска да ги исчистиме реките и амбиентот за нашите деца, Ова е живот, ова е нашата агенда. Имам многу работа да се работи, Имаме кадар со нивните идеи со нивните проекти за да напредуваме сите ние како граѓани. Сите да работиме зошто работиме за себе за да напредуваме, порача партискиот лидер Али Ахмети.

Кандидатот за градоначалник Бесник Емшиу рече дека ќе се фокусира на повеќе области со оглед на карактеристиките на општината како што е планинскиот туризам затоа што регионот нуди таков потенцијал.

-Имаме проекти за канализација на сите населени места каде недостига, за водоснабдување, селектриање на отпад. Фокус на моето работење ќе бидат и земјоделието и пчеларството, изградба на канали за наводнување. Во мојот мандат ќе работам за подобрување на условите за работа во обрзование, како за просветните работници, така и условите за учениците. Отварање на градинка во Камењане спортска сала во Боговиње, изградба на игротеки на отворено, за најмалите, како и отворени спортски терени, рече Емшиу.

Пред присутните се обрати и носителот на листата Илир Елези, како и партиските функционери Артан Груби и Насер Нуредини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This