Д-р Стојанов: Heпpифaтливо e штo oд гpaѓaнитe ce бapa дa нocaт мacки и кoгa пeшaчaт нa Вoднo или шeтaaт нa Кej нa Вapдap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Комисијата за заразни болести најавуваат дека следната недела ќе одржат состанок и ќе одлучат какви мерки за заштита од корона вирусот ќе бидат активирани од 1 јуни.

Бројките на заразени се опаднати, но се уште нема конкретна одлука дали ќе биде укината мерката за носење маска на отворено.

Одлуките се донесуваат врз основа на бројки и параметри, се анализираат сите достапни податоци, колку хоспитализации има и колку болнички кревети се слободни, се анализира смртноста, односно колкав е процентот на морбидитет во период од 14 дена – вели за „Слободен печат“ д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Епидемиологот д-р Александар Стојанов, до неодамна директор на Центарот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести, вели дека носењето маска на отворено нема ефект, бидејќи вирусот се пренесува доколку имате контакт со заразено лице подолго од 15 минути и тоа на растојание од 1,5 метар.

Одлуката да се носат маски на отворено беше донесена повеќе во контекст на стекнување навика кај граѓаните. Мое лично мислење е дека треба да се предложи укинување на оваа мерка. Ако се разминете со некој заразен на улица минимални се шансите да ве зарази. И бројките го дозволуваат тоа, затоа што секојдневно бележат континуиран пад. Неприфатливо е тоа што од граѓаните се бара да носат маски и на Водно кога пешачат или кога шетаат на Кеј на Вардар. Сепак, за во затворените објекти, кино-сали, автобуси, продавници, носењето маска треба да биде задолжително – вели Стојанов.

Мерките на Комисијата за заразни болести важат до 1 јуни и предвидуваат забрана за движење на населението од полноќ до 4 часот наутро, а угостителските објекти смеат да работат до 23:30 часот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This