Д-p Игop Hикoлов: Алгopитамот кој се кopисти е за 15-30 пoзитивни, не за 900-1.100 пoзитивни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Докторот Игор Николов вечерва на Алфа телевизија во „Што не е јасно“ во бројни критики кон власта, вели дека се игра пинг-понг со мерките, а не се презема ништо конкретно, дури и алгоритамот кој се користи е за 15 до 30 позитивни не за 900 до 1,100 позитивни лица, како и то адека за една недела имаме 70% раст на новозаболени од вирусот.

Загрижува процентот на дневно заразени во однос на тестирани лица, тој број се качи од 10% до сега каде имаме од 35% до 45% позитивни лица и тоа не наведува дека целиот товар паѓа на здравствениот систем кој е оптоварен од почетокот на пандемијата, но сега е пикот и знак на прашање е како би се издржал овој период без да се носат конкретни мерки, вели Николов.

Според него, се наоѓаме во ситуација да се игра пинг-понг политика.

Комисија за заразни болести вели Владата, Владата вели Комисијата така рече и цело време имаме префрлање на одговорноста, и имаме за жал еден пи-ар кој цело време не убедува дека ситуацијата е под контрола, но реалноста е дека тој голем пи-ар многу им пречи на здравствените работници, истакна Николов.

Тој вели дека се наоѓаме во фаза кога вирусит слободно циркулира низ популацијата фаза на епидемија каде што има масовно ширење на вирусот и доколку конкретно нешто не се превземе стравувам дека ќе имаме црно сценарио.

Докторот истакна дека мерките требаше да се преземат многу порано затоа што само за една недела имаме енормен раст на бројот на заразени дури 70% повеќе заразени, а тоа е знак за преземање на мерки.

Најголем проблем не беа рестораните, туку слободно ноќно движење навечер кај младите лица, имавме ситуација кога државата не обезбеди образование, па тие се шетаа навечер во доцни часови групирајќи се по плажите, дискотеките, концертите, каде и членови на Комисијата за заразни болести беа дел од истите и тоа нивно однесување на непочитување на препораките, тоа нивно однесување доведува до слободно ширење на вирусот низ населението, критикуваше доктор Николов.

Доктор Николов загрижувачки потенцираше дека имаме алгоритми кои се донесени во период за 15-30 позитивни и истите се користат и денеска кога имаме 900 или 1.100 позитивни, адаптација на алгоритмите немаше, а системот и она што е донесено до сега стимулира трансмисија на вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This