April 27, 2024, 10:04 am

Дaли нaвиcтинa ни тpeбa дeтokcикaциja пo Hoвa гoдинa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Детоксикацијата и слабеењето се два збора што традиционално се најпребарувани на интернет, по новогодишните празници, бидејќи сите сме полни со храна што безмилосно ја јадеме тие денови.

Но, ако сметате дека решението е детоксикација, се лажете, предупредуваат британски лекари кои велат дека радикалните мерки никогаш не се добри за организмот.

Како пример, тие го наведоа случајот на жена која минатата година беше ставена во животна опасност по детоксикација со билни препарати, односно коктели со витамин Б, корен од валеријана, сурутка, глутамин и теанин и пиење големи количини вода.

47-годишната жена се опоравила само по интензивно болничко лекување. Пред тоа, таа изгубила свест и имала грчеви. Тестовите покажаа дека во телото има опасно ниско ниво на сол.

Иако се чини корисно да се исчисти телото откако ќе се претера за време на празниците, концептот не е нужно здрав и нема поддршка од медицинската заедница, објави British Medical Journal.

„Прекумерното внесување вода како начин на “чистење на организмот“ се заснова на погрешното верување дека на овој начин сè што е штетно може да се “измие “од организмот“, напишаа лекарите. Тие додаваат дека, и покрај спротивните маркетиншки тврдења, додатоците на билки не се без несакани ефекти.

Британската диететска унија додава дека целата идеја за детоксикација е всушност глупост.

“Нема волшебни апчиња, напивки, лосиони или лепенки. Телото е составено од бројни органи, како што се кожата, бубрезите и црниот дроб, кои постојано го чистат телото од глава до пети”, потсетуваат лекарите.

“Телото треба да биде хидрирано, но премногу вода може да биде исто толку опасно како и малку. Иако звучи предвидливо, разумната диета и редовната физичка активност се најдобри стратегии за одржување на здравјето”, заклучија тие.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This