Дoдeкa coceднитe дpжaви пpивлeкyвaaт инвecтиции, влacтa пpeдвoдeнa oд СДСМ и Заев cпиe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се појасно е дека оваа влада предводена од СДСМ и Заев не работи ништо за да се подобри животниот стандард на граѓаните како и да се подобри економската состојба во земјата. Додека власта не работи ништо соседните држави иако е криза привлекуваат инвестиции.

Вчера соседните држави Србија и Албанија потпишаа договори за инвестиции. Соседна Албанија потпиша договор за инвестиција во градот Драч во вредност од 2 милијарди евра. Имено оваа инвестиција треба целосно да го трансформира пристаништето во Драч и целата околна област.

Нашиот северен сосед Србија исто така вчера објави дека кај нив доаѓа една од најголемите јапонски фирми за производство на  електрични мотори која е вредна 1.9 милијарда евра.

За тоа дека додека соседните наши држави привлекуваат инвестиции, а во Македонија нема ништо односно владата е до толку неспособна што не може да набави една вакцина посочи Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на Албанија потпиша договор за инвестиција во градот Драч од две милијарди евра. Инвестиција која што целосно треба да го трансформира пристаништото во Драч и целата околна област. А, исто така, една од најголемите јапонски фирми за производство на електрични мотори, објави дека во Србија ќе инвестира 1,9 милијарди евра. Значи, само во еден ден, во соседството имаме најава за инвестиции од околу четири милијарди евра, а во Македонија Заев и неспособните околку него не можат да купат една вакцина. Тоа е тажната вистина за Македонија и затоа оваа власт, треба и ќе си оди ден и час поскоро, нешто што ќе го гледате во неделите кои што доаѓаат, кажа Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This