- Advertisement -
Излезноста на гласачките места до 11 часот, според податоците од Државната изборна комисија, е 9,45 проценти.
Според досега обработените податоци со кои располага ДИК, до пресекот во 11 часот своето гласачко право го оствариле 49.862 граѓани.
![ДО 11 ЧАСОТ: Излезноста е 9,45 проценти – Во Битола, Прилеп и Куманово досега гласале по околу 3.500 граѓани](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2021/10/Screenshot_8-17.jpg)
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес конференција ги повика граѓаните да излезат и да го остварат своето гласачко право избирајќи градоначалници за локалните самоуправи.