April 30, 2024, 11:34 am

Дpaмa вo пoпpaвнaтa ycтaнoвa вo Пpилeп: 3aтвopeник co тeшkи тeлecни пoвpeди зaвpшил вo 6oлницa oткaкo бил пpeтeпaн oд кoмaндиp

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Командир од казнено поправната установа во Прилеп применил физичка сила и му нанел тешки телесни повреди на осуденик. Повредите кај осуденото лице биле констатирани од лекар од општата болница во Прилеп, се наведува во најновиот Извештај на Хелсиншкиот комитет.

Засега е откриено дека на 13 ноември осуденото лице во својство на обвинет присуствувал на судско рочиште. По завршување на судското рочиште, на пат кон негово спроведување во КПУ затвор Прилеп, тој бил физички нападнат од страна на командирот кој го придружувал.

Истиот ден, околу 22 часот, осуденото лице било однесено во општа болница во Прилеп каде му била пружена здравствена заштита, и било констатирано дека има видливи повреди во вид на модрило на задниот дел од ’рбетот и модрило во пределот на левиот лакотен зглоб.

„За да се увериме дали овој случај е уште еден во низата на пречекорување на овластувањата на припадниците на затворската полиција со примена на прекумерна сила која не е ниту оправдана ниту пропорционална, веднаш побаравме информации од Управата за извршување на санкции и Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител од каде сè уште сме во очекување на одговор.

Силата која ја употребуваат полициските службеници и припадниците на затворската полиција треба секогаш да биде неопходна, оправдана, сразмерна и пропорционална. Апсолутно е забрането секаков вид мачење, сурово и друго нечовечко постапување со примена на сила и средства на присилба. Секое вакво постапување претставува тортура, нехуман и деградирачки третман кој треба најстрого да се санкционира“ се вели во извештајот на Хелсиншкиот комитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This