Европа и Македонија ја зафаќа силен антициклон кој ќе предизвика суша и вистинска пролет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силен циклон над Атлантикот од денес па во следните денови како над целиот Европски Континент па така и кај нас ќе услови стабилно, суво и натпросечно топло време, односно времето ќе биде сончево повремено со мала локална облачност, ветерот кој го имавме од северен правец од денеска ќе намалува на интензитет иако сеуште ќе го има но со сладб до умерен интензитет.

Минималните температури на воздухот овој викенд кај нас на повеќе места ќе се спуштат под нулата, пораст на истите ќе има од понеделник, максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на значителен пораст и следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени и истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.

Во делови пак на Европскиот Континент, особено во северната половина од истите овие денови температурите на воздухот ќе бидат дури и за 15 степени повисоки од нормалните.

Ваквата ситуација во следните денови ќе услови топење на снежната покривка.

Сообраќајот на државните патишта во државата инаку се одвива по наместа влажни коловози во западниот дел од државата, на некои повисоки места со наместа остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с.Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This