ЕВРОПА НЕМА ДА ПОСТОИ ЗА 10 ГОДИНИ: Европратеникот Најџел Фараж ја критикува ЕУ дека ќе пропадне поради одземање на независноста на државите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европатеникот од Велика Бритаија, евроскептик кој е наречен и автор на „Брегзитот“ Најџел Фараж, денес во Виена даде оценка дека ЕУ за десет години нема да постои таква каква што е сега

Фараж во обраќањето на меѓународната конфереција „Комсулт“, подвлече дека револуцијата на националните држави само што започна.

„Би бил изненаден ако ЕУ за десет години, каква што е сега, би опстанала“, порачува тој.

Фараж вели декан не сака само Велика Британија да отстапи од ЕУ, туку и „Унијата“ сака да излезе од ЕУ.

Укажа на тоа дека големата бирократија на ЕУ е поврзана со големи трошоци и која работи за „големиот бизнис“.

„Ни се закануваа дека ќе ни се случат страшни работи ако одлучиме да излеземе од членство, дека пазарот ќе колабира и дека се во земјата ќе се распадн, но ништо од тоа не се случи“, нагласува тој.

Тврди дека во ЕУ „големиот бизнис“ ја составува мапата за се, дека регулира се, што го отежнува влезот на нови играчи на пазарот.

ЕУ, според неговите збориви, не е никакаков слободен пазар, туку една врскта на глобализиран корпоративизам.

Фараж вели дека верува во конкурентност и можност својата земја вон ЕУ да воспостави врски со сите со кои сака, со многу повеќе партнери отколку што можела како членка на Унијата.

Исто така истакнува дека Британците гласаа за излез од ЕУ, на за да ги прекинат врските со Унијата и светот, бидејќи мостот ќе остане, туку поради желбата да контролираат кој може да го премине тој мост, а не тоа да го прави Брисел наместо нив.

Преголемата регулација на ЕУ падна како економски фактор во светот, додава тој.

Фараж вели дека Американците, како и Британците, со изборот на Доналд Трамп гласаа за фокусирање на сопствената држава.

„2016. година беше година на националните држави. Таа револуција сега започнува“, порачува тој.

Го критикуваше Брисел дека не извлече исправни поуки од „Брегзит“, бидејќи понатамошна интеграција не е одговор на проблемот кој доведе до излез на една членка.

Според неговите зборови ЕУ ја укинува демократијата, додавајќи дека нема независни држави во ЕУ, затоа што за нив одлучува Брисел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This