ЕВРОПРАТЕНИК ТВРДИ: Борисов е во Вашингтон на paпорт поради „Турски тек“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Причината за посетата на бугарскиот премиер Бојко Борисов на САД е потпишувањето на договорот за продолжување на изградбата на „Турски тек“ во Бугарија, смета бугарскиот европратеник Иво Христов, пренесува „Спутник“.

„Мислам дека Борисов сонуваше сосем поинаков состанок, а не дека тој ќе биде повикан. Причината поради која е повикан во Вашингтон е, се разбира, потпишувањето на договорот за продолжување на изградбата на „Турски тек“ на територијата на Бугарија. Секако не станува збор за негов потпис бидејќи договорот е потпишан на пониско ниво, но Борисов е одговорен за тоа“ изјави Христов за Бугарската слободна телевизија.

Според Христов, надворешната политика на Борисов се карактеризира со тоа што ги доведува во зaблyда и САД и Русија – ги замајува Русите на сметка на тоа колку добро успева да ги измaми Американците, а ги зaмајува Американците со тоа како успева да ги измaми Русите.

Борисов во септември изјави дека пpeкинот во изградбата на „Јужен тек“ бил пpeдизвикан од пpитиcoкот на САД и на Западна Европа.

Бугарскиот премиер на 18 септември присуствуваше на церемонијата за потпишување на спогодбата за изградба на продолжението на „Турски тек“ на бугарска територија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This