Европската унија ги продолжува caнкциите кон Белорусија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија ги продолжи санкциите против Белорусија до 28 февруари 2022 година, се вели во соопштението на Европската унија.

„Денес, Советот донесе одлука за продолжување до 28 февруари 2022 година, на ограничувачките мерки против високи функционери поради репресија, заплашување на мирни демонстранти, претставници на опозицијата и новинари во Белорусија, како и на оние кои биле вклучени во изборни измами“, се вели во документот.
Претходно, Европската унија објави трипати списоци со санкции за Белорусија: на 2 октомври, 6 ноември и 17 декември. Претседателот Александар Лукашенко е додаден на „црната листа“ во вториот пакет.

Белорусија воведе реципрочни санкции кон Европската унија. Меѓу воведените мерки се суспендирање на активностите на координативната група „Белорусија-ЕУ“ и намалување на нивото на учество на земјата во Источното партнерство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This