Европскиот суд го отфpли случајот пpoтив Ватикан за cekcyална злoyпотреба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот суд за човекови права одлучи дека Ватикан не може да биде тужен пред локален суд за сексуална злоупотреба извршена од католичките свештеници, потврдувајќи дека Светата столица ужива суверен имунитет и не може да им се припишат злосторствата на свештениците и нивните претпоставени.

Европскиот суд го отфрли случајот инициран од 24 лица кои тврдат дека се жртви на сексуално насилство од свештеници во Белгија и оти Светата столица е одговорна за „структурните недостатоци“, поради што Католичката црква ги прикрива случаите на силување од страна на свештеници и малтретирање деца со децении.

Тие поднесоа жалба до судот во Стразбур откако белгиските судови заклучија дека немаат надлежност со оглед на имунитетот на Светата столица како суверена држава.

Европскиот суд одлучи дека судот во Белгија бил во право и дека на жртвите не им е одземено правото на судење, и ја потврди одлуката дека Светата столица ужива суверен имунитет и не важи исклучок од тоа правило бидејќи лошото однесување на свештено лице во случаите на злоупотреба не може да се припише на Ватикан

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This