Европските сертификати за вакцинација можат да се најдат за 300 долари на црниот пазар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европските електронски сертификати за вакцинација против Ковид 19 се нудат на продажба на даркнет, со просечна цена од 300 долари, соопшти водечката руска компанија за сајбер безбедност и антивирусни програми Касперски.
„Касперски Лаб проучуваше неколку сомнителни локации и најде понуди за продажба на електронски сертификати. Документот се нуди во реклами во просек за 300 долари“, се вели во соопштението на компанијата.
Во соопштението се додава дека понудите укажуваат дека плаќањето е прифатено во која било криптовалута .
Сертификатите се нудат на англиски и руски јазик, а корисниците можат да ја изберат земјата на вакцинација и производителот на вакцините – Astra zeneca, Pfizer, Johnson & Johnson и Modernа. Сертификатот, наводно, бил издаден во една од земјите на Источна Европа и може да се потврди со помош на официјалните апликации CovPass,
Компанијата за сајбер безбедност предупреди да не се купуваат никакви сертификати на darknet, нагласувајќи дека сите такви реклами се измами.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This