Русокосата Бојана отпеа две песни во најновото издание на „Ѕвездите на Гранд“, а потоа продукцијата почна да се интересира за нејзиното презиме – Вуксановиќ. Исто како и презимето на Аца Лукас.
Затоа Снежана Ѓуриќ веднаш ја праша:
-Вуксановиќ? Моминско или венчано презиме?, ја праша Бојана, а кога таа и одговори моминско, Снежана се пошегува поради нејзиното лошо пеење и додаде:
-Да не си ќерка на Аца Лукас? Ацо, зошто не ни ја пријави?, се пошегува таа.
После првата песна кандидатката доби само два гласа и некако успеа да стигне до бараж, но таму мораше да поработи околу „врските“.
-Продукцијата беше слаба на твоето презиме, па затоа те пуштивме во бараж, со шега завршија членовите на жирито.