ЕДИНСТВЕНАТА ЦЕЛ НА AБOЛИЦИPAHИОТ KPИMИHAЛЕЦ: Што повеќе да стрпа во сопствениот џеб, да укpaдe од граѓаните на Македонија

Поврзано

- Advertisement -

За Зоран Заев, нити честитоста, нити искреноста, нити чесноста се карактерни особини, тоа е обичен аболиран политичар кој што има единствена цел колку повеќе да стрпа во сопствениот џеб, да украде од граѓаните на Република Македонија и во еден момент рака под рака со семејството и групата негови соработници како во мафијашките филмови конселиера да избега од државата, но ќе дојде денот кога ќе го платите цехот во првите шест месеци од мандатот од новата влада ќе се позанимаваме за сите овие злодела што и ги направивте на Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестот во Прилеп.

- Advertisement -

Тој додаде:

Денеска е еден од многуте маршови кои што ќе ги правиме ширум Македонија. Ми велат кога ќе почнете да нудите само критикувате, ќе критикуваме се додека не ги претставиме пред јавноста не ги обелодениме сите лаги и сите нереализирани ветувања и неисполнети очекувања за да народот за да граѓаните во република Македонија кажат доста е на Зоран Заев и оваа група на лажливи политичари да не се случат повторно во Република Македонија и на политичката сцена во Република Македонија нас ни требаат искрени честити и чесни политичари кои што ќе работат петпати повеќе од Зоран Заев. Кои нема да бараат оправдувања во минатото кои што ќе се борат да обезбедат подобар живот за граѓаните кои што имаат методологија за тоа. Кои што можат и емпириски да ја докажат таа своја цел. Македонија технолошки тигар на Балканот. Тоа е нашата визија тоа е мојот сон за мојата татковина ни повеќе ни помалку, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This