Единствени на светот со уставен судија кого Уставен суд го “осудил” за кршење на уставот?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако и формално судијката Добрила Кацарска стана кандидат на Судскиот совет за пополнување на празното столче во Уставниот Суд на Република Македонија се наметнуваат повеќе етички но и правни дилеми за изборот но и за имиџот на највисоката судска инстанца доколку Собранието навистина ја избере Кацарска за уставен судија.

Во тој случај Македонија во периодот кога се очекува да почне преговори со ЕУ ќе стане единствена земја на светот каде во Уставниот суд ќе влезе судиј(к)а која од истиот суд е “осудена” за кршење на основни слободи и права односно судијка чии пресуди биле поништени и квалификувани како противуставни.

За досието на Добрила Кацарска во уставниот суд кој поништи нејзина одлука од судењето за 27 април научна студија напиша и престижниот универзитет Колумбија од САД.

Врвната светска образовна институција на својот веб-сајт го објави случајот во кој Кацарска противуставно ги казни адвокатите во предметот за 27-ми април со високи парични казни, па иронично, токму Уставниот суд ја укина оваа одлука на судијката.

И сега, судија која има досие за носење противуставни одлуки и казни од судскиот совет е предложен за судија на Уставниот суд? Премногу, дури и за земја како Македонија.

Втората дилема за Кацарска која треба да го заземе местото на судијата Владимир Стојановски, чиј мандат во Уставниот суд истече, е поврзана со објективната можност таа навистина да стане уставен судија.

Ако се земе предвид дека предлогот на Судскиот совет треба да добие 2/3 мнозинство во Собранието кое во моментов има проблем да обезбеди просто мнозинство поради тенката владина коалиција, треба да стане јасно дека шансите на Кацарска за избор во Уставниот суд се речиси непостоечки.

Тоа го знаат и Кацарска и членовите на Судскиот совет но и политичките фактори кои диригираат во позадина.

За потсетување а во контекст на кандидатурата, во јануари ова година од непознати причини Судскиот совет не поведе постапка против Кацарска откако обвинителката Лиле Стефанова ја обвини дека и вршела притисок за случајот Империја. За волја на вистината и Кацарска тогаш бараше да се испита случајот но СС не го стори тоа.

Она што произлегува како проста логика од најавите дека Кацарска ќе биде избрана за Уставен судија е дека во случајов се работи само за „намигнување“ од власта до судиите кои судат противници и критичари на власта?

Пораката е проста, “судете ги на најстрого казни опозиционерите и ние ќе ви се оддолжиме со позиции во Уставен суд, апелација, виши судови, ДИК, вработувања за вашите деца, тендери за вашите сопрузи и друго”.

Ваквите „движења“ во судските кулоари доаѓаат токму во период кога зад кулисите на големо се најавува “Зимска офанзива” за случаите отворени од екс-СЈО, односно отворање на нови случаи за припадници на ВМРО-ДПМНЕ со цел од една страна ем власта да демонстрира наводна борба против криминалот, а од друга страна јавноста да се занимава со опозицијата, наместо со работата на владата во Македонија.

Кацарска е „позната“ како судијката која пресудата за 27-ми април ја темелеше во огромен дел на исказот на обвинетиот осуденик со традиција Александар Василевски Нинџа, кој и претходно напати соработувал со обвинителството давајќи дубиозни искази кои „случајно“ резултирале со негова делумна амнестија за делата кои ги сторил.

Со евентуален избор на Кацарска во Уставниот суд Собранието заедно со неа во највисоката судска инстанца ќе ги внесе и “Нинџа” и студијата на Колумбија и низа други практики кои во моментите кога очекуваме пред се Германија и Франција да дадат зелено светло за почеток на преговори со ЕУ ќе ја отежнат ситуацијата на кандидатот кој со години е заглавен во истото оддление на патот кон Брисел.

Одлуката на уставниот суд со која се поништува одлука на Кацарска: http://ustavensud.mk/?p=18219

Студијата на универзитетот Колумбија за случајот Кацарска и ускратување на основни слободи и права:

https://webcache.googleusercontent.com/search?q=cache:18aV8Pz6s3EJ:https://globalfreedomofexpression.columbia.edu/cases/case-of-zefic-and-toshkovski/ &cd=1&hl=en&ct=clnk&gl=mk&
client=firefox-b-d&fbclid=IwAR2zqqJLAG3dVw-sziY_z51_VdHqZkZKJyiAyFtefsA_S5HR0dCOkqlZvH8

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This