Лидерите на албанските политички партии во Македонија денес се сретнаа со премиерот на Албанија, Еди Рама
Али Ахмети од ДУИ, Билал Касами од БЕСА и Зијадин Села од Алијанса на Албанците, беа гости на албанскиот премиер кој ги свика на заедничка средба за да го разгледаат „планот за Македонија“ по изборите на 11-ти декември.
Средбата доаѓа откако директорот на ЦИА, претходната недела беше гостин на Албанскиот премиер.
Албанската влада подготвила советодавен документ за сите партии на Албанците од Македонија што освоиле пратенички мандати, каде што го изнесува своето мислење за ставот на албанскиот фактор во Македонија, известува албанската телевизија „Визион плус“, повикувајќи се на неименувани извори.
Рама објави фотографии од средбата, нарекувајќи ги фотографиите „Братски“