ЕДМОНД ТЕМЕЛКО УАПСЕН ЗА ДА ГО ПОБУГАРЧАТ: Бугарија му нудела пасош на Едмонд Темелко за да го „спаселе“ и да го асимилираат Македонското малцинство во бугарско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарски емисари во неколку наврати му нуделе бугарско државјанство на градоначалникот на македонската општина Пустец во Мала Преспа Едмонд Темелко.

Негови соработници од Пустец велат дека на Темелко кој е во притвор во Македонија на барање на Специјалното јавно обвинителство во неколку наврати директно и преку членови на бугарски организации во Албанија му се нуди пасош на ЕУ но и други бенефиции.

Според информациите од Албанија бугарските емисари на Темелко му нуделе и правна помош за судењето во Македонија но и целосна заштита од бугарската држава ако се согласи да стане нејзин државјанин.

Доколку се согласи да земе бугарски пасош Темелко кој е во притвор поради обвинувања за изборни нерегуларности во Македонија на локалните избори во 2013 година може да го искористи примерот со Спаска Митрова која што 7 години благодарение на бугарското државјанство и притисокот од Софија врз македонските судови се спаси од затворска казна во Македонија.

Темелко досега ги одбивал сите понуди од официјална Софија да влезе во регистерот на бугарски граѓани а во последно време дури и избегнувал средби со активисти на бугарската влада во Албанија кои што отворено нудат државјанства на Македонците во Албанија.

Емисари на бугарските власти неуспешно се обидувале да стапат контакт со него дури и во Ресен каде што живее неговото семејство

Неофицијални информации од Мала Преспа велат дека најмалку една третина од советот на општината Пустец во Мала Преспа, единственото место во Албанија каде што локалната самоуправа е под контрола на македонската партија, имаат бугарски пасоши и со нив патуваат низа Европа.

Темелко кој во моментов е во истражниот затвор во Шуто Оризари за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности.

Нему му беше одреден 30 дневен притвор затоа што не ги почитувал мерките на претпазливост, односно ја напуштил Македонија за да се појави на своето работно место во општината Пустец.

Доколку Темелко кој што е во крајно незавидна позиција попушти и се согласи да добие бугарско државјанство македонците во Албанија ќе се соочат со силен удар врз структурата на партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција која што со тешки маки и притисоци од албанско мнозинство се гради повеќе од 15 години.

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This