ЕДНА ГОДИНА ОД 27.АПРИЛ: СДСМ профитира, државата и граѓаните секојдневно губат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една година после 27-ми април, ситуацијата е следна. СДСМ и ДУИ профитираа, а државата и граѓаните губат секојдневно. Животот дојде само за криминалниот картел во власта. Се краде на ангро, а ниту еден граѓанин не живее подобро, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Отворање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. На државен трошок се врабоуваат синови, ќерки, сопрузи и други блиски и далечни роднини на функционерите од власта. Растот на БДП за минатата година беше бетониран на нула, за разлика од сите земји во регионов и Европа, кои ја искористија поволната економска клима. Задолжувањето го проби плафонот, а капитални инвестии нема ни за лек, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДСМ и ДУИ ја окупираа владата и институциите, но правда за семејствата на егзекутираните момчиња кај Смилковско езеро нема.

-Просечната плата наместо да биде 30.000 денари, оди надолу. Нема 100.000 денари за докторите, ниту повисоки пензии за пензионерите. Нема изградба на ниту еден километар од ветените 600 километри автопат. Градежништвото тоне, но затоа се плаќаат музиканти да свират по тунели изградени во време на ВМРО ДПМНЕ. Затоа, пратеникот Талат Џафери го узурпира столчето предвидено за претседател на Собранието, става европски знаменца на неуставниот закон за двојазичност, а неговата ќерка го добива конкурсот за вработување во ЕЛЕМ. Една година по настаните од 27 април, нема никаква истрага за политичкото насилство сторено врз Уставот. Се монтираат политички обвиненија и оперски пејачи се прогласуваат за терористи, а никој не прашува кој ја даде наредбата и зошто токму во време на протестите беше донесена одлука да се реализира неуставниот избор за претседател на Собранието? Никој не спроведува истрага кои се тие вооружени групи во Чаир и во околината на Скопје, кои биле подготвени да тргнат кон Собранието? Под чија команда биле? Дали имале намера да пукаат во насобраните граѓани? Дали непостапувањето на институциите против нив, значи дека некој сеуште сака да ги има под контрола и да ги повика на оружје доколку почувствува потреба?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека ниту Игор Дурловски е терорист, ниту пак Борис Дамовски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Митко Чавков или пратениците се терористи. Обвинението против нив е политичка конструкција за да се покрие силувањето врз уставот. Политичкиот прогон мора да запре, а власта да покаже интерес и да поведе истрага кои се луѓето под оружје што беа подготвени да пукаат во граѓаните кои со денови мирно протестираа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This