Едно лице зaгинa во пожap во ковид центар во Тузла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пожар на Клиниката за белодробни болести во Тузла загина една пациентка, пренесуваат босанските медиуми. Пожарот се случил денеска во ковид-одделението на Клиниката.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Амра Капиџиќ, известила дека пријавата за пожарот ја добиле рано утринава околу 7 часот.

Интервенирала и противпожарната единица на Тузла и пожарот набрзо бил под контрола.

„За настанот е известен јавниот обвинител и се формира комисија за увид“, вели Капиџиќ.

Засега, не се познати причините за пожарот, а нема детали за евентуално други повредени и за настанатата материјална штета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This