ЕЗЕРО ТРЕСКА ВООПШТО НЕ Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ГРАД СКОПЈЕ: Петре Шилегов со елементарно непознавање – езерото Треска воопшто не е во надлежност на град Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За лагите, неинвентивноста и несериозниот однос кој го имаат кон граѓаните на градот Скопје, Петре Шилегов и СДС на 15-ти октомври ќе ја добијат казната од скопјани и убедливо ќе бидат поразени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Шилегов вети дека ќе го врател стариот сјај на езерото треска, што според него е голема лага.

-Езерото Треска воопшто не е во надлежност на градот Скопје. Значи повторно без да провери, без да испланира. Шилегов ветува нешто што однапред знае дека неможе да го оствари и свесно и намерно лаже. Тоа значи дека и целиот негов памфлет кој го нуди како програма е така напишан, без проверка, без план, без било какви рокови. Дополнително, отворено прашуваме која сигурност ќе им ја даде Шилегов на младите на Езеро Треска, ако се знае дека во овие 4 и пол месеци имаме нерасветлени убиства, изборни инциденти, насилници и криминалци кои се ослободени. Ова не е прв пат како  Шилегов ветува нешто што однапред знае дека не може да го оствари. Вети изградба на парк и рекреативни содржини на бунарското подрачје каде што е строго забрането движење и било какви градежно потфати. Со тоа сакада го доведе во прашање водоснабдувањето на цело Скопје, посочи Анодновски.

Потенцира дека Петре Шилегов свесно и отворено лаже и оти затоа ќе ги загуби изборите.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This