ЕКИПИТЕ НА ТЕРЕН: Град Скопје фрли 50 тони сол на улиците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипите на зимската служба на Град Скопјесе на терен и го расчистуваат снегот од градските булевари и улици, каде од почетокот на врнежите утрови се фрлени 50 тони сол.

zimskasluzba162

 Екипите на зимската служба интервенираат низ сите градските сообраќајници и на критичните точки, каде го расчистуваат снегот со механизација. Паралално со коловозот, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини.

 Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини ангажирани се 100 работници и механизација од ЈП „Комунална хигиена“, работници и механизација од ЈП „Паркови и зеленило“, како и  работници од ЈП „Водовод и канализација“ кои работат на чистење на сливниците.

 Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

 Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This