Реката Драгор која тече низ центарот на Битола доби бела боја, односно наместо бистра вода како досега тече заматена вода која наликува на млеко.
Граѓаните стравуваат дека станува збор нова еколошка катастрофа во градот, бидејќи е непознато поради што водата во реката ја променила својата боја. Првичните шпекулации се дека станува збор за хемикалии кои се фрлени во реката. Имено во Битола само во 2016 година има евидентирано 18 случаи на рак ќај новороденчиња, а граѓаните шпекулираат дека епидемијата на канцер во градот е поради загадувањето од РЕК Битола. Сега Битолчани имаат уште една грижа повеќе и уште еден фактор кој негативно ќе влијае на нивното здравје.