На снимката може да се слушне како руски морнар бара од Украинците да застанат, да го вклучат светлото на палубата и да излезат со подигнати раце. Украинецот одговара дека се движи низ преминот Креч од Црното море и нема намера да изврши напад.
Истовремено, во позадина се слушна националистички навредлив повик: Кој не скока тој е Москал! (погрдно име за Московјаните). Потоа се слуша повикот на украинските морнари за помош и се наведува дека има повредени.
Малку подоцна, руските морнари се распрашуваат за бројот на ранети и тука снимката завршува. Потсетуваме, Русија спречи три брода на украинската морнарица да влезат во Азовското море низ преминот Креч. Преминот кој ги поврзува Црното и Азовското море, во неделата беше затворен за цивилните бродови поради безбедносни причини.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=40&v=ZDStI_VZhhw