ЕКСПЛОЗИЈА ВО НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА: Експлодираше „срцето“ на нуклеарната централа Фламанвил во Франција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експлозија се случи утринава во нуклеарна централа во северозападна Франција, а засега се пријавени повреди кај неколкумина вработени како резултат на експлозијата
nulearka_francija

Според првичните информации, нема ризик од ширење на радиоактивна радијација како резултат од експлозијата која се случила во нуклеарната централа Фламанвил, пренесува локалниот весник „Уст Франс“.

„Според првичните податоци, има повеќемина повредени“, пренесува весникот.

Експлозијата се случила во 10.00 часот по локално време. Итните служби веќе се на лице место. Според нив, експлозијата се случила во „срцето“ на централата, но надвор од нуклеарната зона. Работата на првиот реактор е запрена.

Причината поради експлозијата сеуште не е позната. Во меѓувреме, весникот „Ла Манш либре“ го пренесува соопштението на „ЕДФ“ најголема компанија во земјата и најголемиот оператор со нуклеарни централи во светот, дека всушност немало експлозија, туку само чад кој се издигал од централата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This