Екс ракометарот клекна пред саканата: После 7 години врска, Вугринец ја побара за жена Сања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот македонски репрезентативец и ракометар на Металург, Ренато Вугринец, клекна на колена и по седум години врска ја побара за сопруга неговата девојка Сања Обрадовиќ. Понудата за брак се случи на зимувањето во српскиот зимски центар Копаоник, на над 2.000 метри надморска височина.

46-годишниот легендарен десен бек, кој беше дел од златните времиња на тимот од Автокоманда остана да живее во Македонија по завршувањето на кариерата, каде што ја запозна неговата избраничка. Нивни блиски пријатели своевремено тврдеа дека тие двајцата се запознале во пекарница и дека тоа било љубов на прв поглед.

Обрадовиќ, која е Србинка по потекло, поранешна манекенка и има 44 години, на македонската јавност и е позната по бракот со кошаркарската легенда Петар Наумоски. Пред седум години кога се разведе од Наумоски, за македонските медиуми откри дека тој ја оставил практично на улица и неа и трите деца, но набрзина потоа најде утеха кај Вугринец.

Популарниот Вуги исто така има еден брак зад себе и три деца, исто колку и Обрадовиќ. Тој своевремено отвори ланџ бар во Скопје, а имаше и бизнис со хостел во српската метрополнина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This