Елена Велевска објави чуден статус: Дали пејачката сепак не може да го спаси бракот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фолк пејачка Елена Велевска новогодишните и божиќните празници ги прослави на турнеја во Америка. Слободно може да се каже дека Велевска самиот старт на годината го започна работно.

Познато е колкав број на нашинци има во Америка, таа им пееше а тие со душа го чекаат тоа. Велевска важи за една од они пејачки кои се меѓу најбараните во странство, а доказ за тоа е огромна посетеност на нејзините настапи ширум светот.

ако една од најзборуваните теми во изминатата година беше разводот на оваа пејачка, меѓутоа набрзо брачниот пар успеа да се смири и да продолжат онаму од каде што застанаа. Но, јавните личности не би биле она што се ако сеуште не се крева прашина за секоја нивна објава со оглед на тоа што преку социјалните мрежи обожавателите дознаваат се и постојано се под нивното будно око.

Така, меѓу постираните фотографии од американската турнеја Велевска објави една фотографија која многу зборува иако ништо конкректно не кажува. Стара е цели 9 години, а на неа фолкерката ги држи враце тогаш двете мали дечиња.

Обична фотографија, која ги враќа сеќавањата и спомените назад низ времето, ќе рече некој. Но, токму изборот на истата и статусот кој Елена го постирала крај фотографијата: „Од животот остануваат само децата и спомените“ ни дава сомнеж дека работите тргнале повторно во спротивна насока.

Дали со тоа пејачката сакаше да наговести нешто повеќе, дали намерното изоставување на се уште законскиот сопруг од фотографијата и особено од пишаната порака, значи дека Велевска сепак не ќе може да го спаси бракот?

Освен оваа Велевска дополнително ја стави јавноста во мисла со фотографијата на која напиша „Слободата нема цена“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This