ЕМОТИВНО ПОСВОЈУВАЊЕ: Биолошката мајка ѝ ги брише солзите на жената која го посвојува нејзиниот син

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Вака изгледа посвојувањето. Две жени се здружуваат за да ги задоволат потребите на детето“ – ова се зборовите на фотографката Сара Лиз, која го трогна светот со фотографија од емотивно посвојување. На неа, биолошката мајка ѝ ги брише солзите на жената која го посвојува нејзиното мало бебенце.


Имено, Лорен Колер и нејзиниот сопруг Мел отсекогаш сакале да имаат свое дете, но не можеле да си го остварат сонот. По неколку години поминати во неуспешни обиди за зачнување, брачните партнери одлучиле да посвојат бебе.

Тие аплицирале во агенција за посвојување во 2015 година, но морале да чекаат уште две долги години додека да ја добијат веста дека ќе станат родители.

„На 20 март 2015, на нашата петта годишнина, официјално започна нашето патување… Чекавме две долги, емотивни години. Беше многу тешко и дури и започнавме да се прашуваме дали има светлина на крајот на тунелот, но останавме цврсти во нашата верба дека Бог ќе се погрижи за нас“ – напиша Лорен на „Love What Matters“.

Во април 2017 година, таа добила повик од агенцијата со кој ја известиле дека трудница по име Фелиција сака да им го даде своето бебе по породувањето. Четири месеци подоцна, долгогодишниот сон на Лорен и Мел се остварил.
За своето искуство, пресреќната мајка напиша:
На 18 август 2017 година, прекрасно момче дојде на свет и во нашите животи. Бевме привилегирани да го запознаеме и да го подржиме ноќта кога се роди. Чекањето беше долго, но љубовта беше инстантна. Не можам да опишам со зборови колку бевме радосни и исполнети во срцата. Сепак, моравме да чекаме уште 30 дена за да го донесеме дома. Тоа чекање беше најтешкото.

Но, издржавме и на еден топол, светол септемврски ден, станавме тричлено семејство. Нашата церемонија за предавање на бебето неспорно беше многу емотивна. Тој ден, ние леевме солзи-радосници, а биолошкото семејство помешани солзи, додека скапоценото бебе беше примено во грижливите раце и срцата на своето ново трајно семејство.

Отворени сме за посвојувањето. Останавме во контакт со неговата биолошка мајка. Неодамна се сретнавме со неа и со нејзиното семејство и ќе се сретнеме уште неколкупати оваа година. Сакаме нашиот син да порасне знаејќи ја неа, неговата приказна и дека е сакан од многумина.

Љубов, а не ДНК, го создава семејството!

Фотографката Сара подоцна изјавила дека никогаш нема да ја заборави средбата меѓу двете мајки.

„Ова беше особено емотивно, бидејќи Лорен и Фелиција очигледно имаа силна врска. Јасно беше дека и двете премногу се грижеа за ова бебенце и му го посакуваа само најдоброто. Најсилниот момент беше кога Лорен го хранеше бебенцето за првпат и започна да плаче. Не можеше да престане да го храни за да земе марамче, па Фелиција го направи тоа наместо неа. Ѝ ги избриша солзите на Лорен за таа да може да продолжи да го храни бебенцето“ – рекла таа.

„Ова е совршен пример како треба да изгледа посвојувањето. Две семејства се здружуваат за да се осигурат дека потребите на бебето се задоволени. Нивните улоги се различни, но се еднакво важни“ – додала Сара.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This