ЕРМЕНИЈА ОСТАНУВА ВО СОЈУЗ СО РУСИЈА: Сојузот со Русија е важен за нашата безбедност и економија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сојуз со Русија е дел од ерменскиот систем за безбедност, изјави премиерот на Ерменија Нилока Пашињан.

“Јас веќе изјавив дека новата влада ќе продолжи со својата политика кон Евроазиската економска заедница и организацијата за колективна безбедност (CSTO). За нас е многу важно да развиеме сојузнички односи со Русија. Оваа соработка ја сметаме за важен дел од ерменскиот безбедносен систем “, изјави Пашињен пред парламентот.

Ерменскиот парламент денеска разговара за новата програма во кабинетот на Пашињан. Тој беше избран за премиер на 8 мај по масовните протести кој траеја неколку дена.

Истовремено, министерот за надворешни работи на Ерменија Зограб Мнацакањан зборуваше во Москва со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и во оваа прилика рече дека неговата земја е посветена на зајакнување на врските со Русија, и дека оваа соработка е врвен приоритет.

“Нашите врски се доста силни. Посветеноста на нашата влада да го зацрвстиме сојузот со Русија, врз основа на меѓусебно почитување и разбирање ќе остане клучна задача и приоритет. Ова се рефлектира во програмата на нашата влада која ќе биде презентирана денес во парламентот “, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This