ЕСМ купува струја за милионски суми, сметките повторно ќе пaднат на грбот на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕСМ на почетокот на месецот објавил тендер за набавка на струја.

Денес, по истекот на рокот за прибирање на понуди, била донесена одлука за купување на струја од две компани, „ТЕ-ТО“ АД Скопје и од „ДАНСКЕ КОМОДИТИС“ ДООЕЛ. Се работи за тендер вреден од 5,5 милиони евра.

Во тек се прибирањата на понуди за уште еден тендер за набавка на електрична енергија.

И покрај тоа власта убедува дека струјата нема да поскапи или ќе поскапи минимално, на крај, овие милионски суми кои се резултат на неспособноста на власта рационално да ги менаџира ресурсите, ќе паднат на грбот на граѓаните, кој како и секогаш, ќе ги плаќаат сметките на непланското работење и лошите владини политики.
А Македонија веќе плаќа најскапа струја во Европа.

На Македонија и се заканува сериозна енергетска криза поради недомаќинското и несовесно располагање со ресурсите кое доведе до сериозен недостиг на електрична енергија, кој веќе се чувствува.

Владата на 30-ти октомври, (минатата сабота) донесе и Уредба за критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба. Со ова се создадени правни предуслови да може да се прогласи енергетска криза и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите.

„Во случај доколку би се прогласила кризна состојба има сет на мерки од кои некои се т.н. меки мерки, а дел се мерки кои би ги донела Владата, како што е на пример мерката кога и колку да се користи уличното осветлување“, изјави тогаш министерот за економија Крешниk Бектеши.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески смета дека мора да се прогласи енергетска криза и уверува дека компаниите нема да се соочат со рестрикции.

-Оваа работа не може да помине без прогласување на енергетска криза во државата. Не знам какви се ингеренциите во ваква констелација на Влада која е во оставка во моментов, но криза мора да прогласи за полесно да ги носи решенијата во моментот кога ќе тргне огромната потрошувачка со промената на временските услови и со резервите што ги имаме, истакна Азески во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This