ЕУ cтpaвyва дека Русија ќе ја припои Белорусија кон Руската Федерација, одржан таен состанок за проценка на опacноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјите-членки на Европската унија одржаа затворен состанок на кој разговараа за опасноста Москва да ја искористи сегашната политичка состојба со цел да ја припои Белорусија кон Руската Федерација, објави шпанскиот весник „Паис“

Самитот се одржа само 24 часа по инцидентот со присилното слетување во Минск на авионот на компанијата „Рајанер“, во кој беше белорускиот опозиционер Роман Проташевиќ.

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, одржа состанок во затворен формат. Тој им забрани на учесниците на состанокот да носат мобилни телефони со себе, за да не протекуваат информации. Сепак, информациите стигнаа до медиумите.

Европската унија е убедена дека рускиот претседател Владимир Путин сигурно ќе ја искористи растечката изолација на Лукашенко.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хосеп Бореj беше еден од првите што спомна ризик дека тоа што се случи во Минск ќе му даде на Путин можност, случајно или намерно, да го забрза спроведувањето на планот за преземање на Белорусија и да ја контролира.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не се зборува за обединување на Русија и Белорусија.

Шпанскиот весник исто така тврди дека ЕУ разгледува две опции за да го спречи ова сценарио – или да ја интригира Русија со предлог за меѓусебно политичко разбирање и економска соработка, или да ги зголеми тензиите.

Планот на ЕУ беше договорен минатата недела. Европската унија смета дека предлогот за соработка ќе помогне да се надминат конфликтите што траат веќе седум години, меѓутоа, доколку тоа не помине, тогаш ќе биде покрената „спирала на санкции“, што може да предизвика дополнителна штета на рускиот економија.

Весникот додава дека овие предлози ќе бидат разгледани на следниот самит на ЕУ на крајот на јуни.

Претходно, Европската унија ја објави својата одлука за изолација на Белорусија. Брисел најави дека нема да дозволи белоруски авиони да влегуваат во воздушниот простор и аеродромите во ЕУ. Земјите-членки повикаа и на воведување нови економски санкции против Белорусија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This