ЕШЕРИЈА КОЛИ ВО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ: Забрането е пиење на водата од јавната чешма во џамијата Горно Нерези

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забпането е пиење на водата од јавната чешма во џамијата Горно Нерези, како и од јавната чешма до џамијата Горно Нерези, откако инцпекцијата изврши надзор на водата за пиење, соопшти Општина Карпош.

По извршениот инцпекциски надзор од страна на Државниот инспектор за храна од Подрачната единица Скопје на Агенцијата за храна и ветеринарство, утврдено е дека водата не е безбедна за пиење, односно не одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, поради присуство на бактеријата Escherichia coli и зголемен број колиформни бактерии.

Како мерка на претпазливост, апелираме до сите граѓани да ја почитуваат оваа одлука, со цел да го заштитат своето здравје. Локалната самоуправа веќе го известува локалното население за оваа одлука, а непосредно до чешмите ќе се постави и натпис „Водата не е за пиење“ – велат од Општината.

Општината доби и задолжение да врши редовна дезинфекција на водата за пиење и да спроведе мерки за цанација и обезбедување на безбедна вода за пиење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This