Е ОД ОВА СЕ OTKAЖАВМЕ: Во Стоби откриена скулптура со претстава на богот Дионис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатата седмица на археолошкиот локалитет Стоби била откриена мермерна скулптура со претстава на богот Дионис.

Како што соопштуваат надлежните, ова исклучително откритие е резултат на археолошките истражувања во рамките на летната интернационална школа за теренска археологија.

Скулптурата која најверојатно била изработена во 2-3 век од н.е. е сочувана во височина од околу 50 см. Откриена во секундарен контекст, односно во остатоците од срушен ѕид од куќа од 6-иот век, каде била употребена како градежен материјал. Токму поради тоа недостacуваат глaвaтa, десната paка и постаментот со стопалaтa. Со оглед на тоа што во 6-иот век, христијанството е доминантната религија, чест е случајот на уништyyвање и употреба на скулптурите на паганските божества од претходните векови како градежен материјал.

Новооткриената скулптура го претставува богот на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза потпрен на стебло обвиено со винова лоза од која висат гроздови. Дионис е полугол, со наметка околу неговото лево рамо и долната половина од телото. До неговата лева нога е претставен пантер, кој е еден од неговите главни симболи, покрај виновата лоза, бршленот, тирсот (специфичен стап со врв од шишaрка) и кантаросот (пехарот) со вино. Инаку ова не е прва мермерна скулптура на Дионис во Стоби и во минатото се откриени една цела претстава, две глави и една рака. Сепак, ова е прва скулптура на Дионис од овој тип на локалитетот и нејзиното значење во поширок археолошки контекст ќе биде прецизно утврдено со понатамошните анализи.

Интернационалната школа за археологија во Стоби се одржува десетта година по ред и е резултат на соработката на Националната установа Стоби со фондацијата Балканско наследство од Бугарија. Оваа сезона, во школата учествуваат 17 студенти и волонтери од САД, Канада, Кина, Шведска, Ел Салвадор и Австралија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This