Научниците од универзитетот Џонс Хопкинс неодамна потврдија дека постои аларматно ниво на токсични метални супстанци како олово во пареата која се вдишува од електричните цигари, кои можат да предизвикаат рак на белите дробови, мозокот и срцеви болести.
Електронските цигари и слични направи функционраат така што загреваат течност која се претвара во пареа, која потоа се вдишува. Наулниците на Џонс Хопкинс универзитетот, ги тестирале грејачите на е-цигарите на 15 канцерогени метали.
Врз основа на тестови направени на 56 корисници на е-цигарите, научниците ги мереле количините на канцерогени метали во течноста пред и по користењето по што дошле до конечен заклучок за нивото на канцерогени материјали.
Според истражувањето нивото на канцерогени метали во пареата која се вдишува, биле аларманто повисоки од оние пред испарувањето на течноста, заклучувајќи дека поради високата температура која ја создава греачот, испрауваат метали како олово, хром, никел и манган.