ЖЕРНОВСКИ СЕ СЛИКА И ЛУКСУЗИРА ПО ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ: Граѓаните на Центар затрупани со снег , улиците лизгалишта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поминаа точно 24 часа од објавувањето на телефонскиот број на кој можеа граѓаните на Општина Центар да пријават за општинските служби да дојдат и го исчистат снегот. Сепак, Жерновски само се пофали, но нема никакво дејство. Центарот на градот личи како некоја паланка.

ddddd640

-Еве поминаа 24 часа откако се јавив да ја исчистат улицата. Колку ли им треба, живеам на 100 метри од општината. Нема реакција, вели Стојан Трпевски од скопско Дебар Маало.

Иста е ситуацијата и со другите улици. „Титовелешка“, „Преспанска“ и останатите се нечепнати од службите на Жерновски. Граѓаните револтирани мрзнат на минусните температури и сами го чистат снегот.

Боемска улица
Боемска улица

Толку рекламираната и преплатена „Боемска“, во која Жерновски за само еден метар вложи 2629 евра пари на граѓаните личи на ски падина и е тешко проодна.

-Од утринава до сега најмалку десетина луѓе паднаа на мразот. Чиста среќа е што нема никој до сега потешко повреден, вели граѓанин на Дебар Маало во Општина Центар.

Од друга страна, Жерновски продолжи и денеска да се фали како дејствувала општината, но од тоа нема ништо во реалноста.

ул. Топаанска
ул. Топаанска
ул. Преспанска
ул. Преспанска
titov
ул. Титоввелешка
Дебар Маало
Дебар Маало
ул. Топаанска
ул. Топаанска
Дебар Маало
Дебар Маало

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This